Петар Печков
Објавено: недела, 04 март 2012
Разочараувачки старт на велешанки во втората полуетапа од одбојкарското првенство. Во дербито на тие се поразени од екипата на Форце Волеј, со максимални 3:0, по сетови домаќинките освоија 22, 15, 22 поени. Во првито сет Форшпед водеше со 22:19 а гостинките направија серија од 6:0 со што го освоија сетот и како да го скршија отпорот на велешанки.
Средбата се играше во салата Гемиџии пред 500 гледачи. Овие две екипи се наоѓат на првото и второто место од првата лига и меѓу нив ќе се бара новиот првак, а предност засега имаат скопјанки кои два пати победија во директниот дуел.
Tweet |